May10

Формирање и развој

Изработка:

Училиштето е основано на 28.09.1954 година. Денес има вкупно 820 ученици и 26 паралелки.СОУ Гимназија "Славчо Стојменски" - Штип се наоѓа во централниот дел на град Штип, сместено од левата страна на реката Отиња, притока на реката Брегалница која минува покрај градот Штип и го одредува индустрискиот дел на градот од централното подрачје.На западната страна од Гимназијата се наоѓаат убавата зграда на собранието на општината Штип. Источно во непосредна близина се лоцирани: Основното училиште "Ванчо Прќе", текстилното училиште "Димитар Мирасчиев" и градската библиотека "Гоце Делчев".Северно од училиштето, спротивно на десниот брег на реката Отиња, се наоѓаат: познатиот хотел "Оаза", работничкиот универзитет "Ванчо Прќе", домот на културата "Ацо Шопов" и домот на АРМ (во истата зграда), пред кои во убаво пошумено зеленило се наоѓа алеата на народните херои - Славчо Стојменски, Ванчо Прќе и Михаило Апостолски.Погледот на западниот дел на училиштето целосно е свртен кон историската тврдина наречена Исар.