0
 

Насловна

За нас

Архива

Маркетинг

Контакт

 

КАТЕГОРИИ

Занимливости
Свет
Видео Kлипови
Здравје
Музика
Мода и убавина
Спорт
Show Biz
Хороскоп
Колумни
Aвтомобилизам
Интервју со...
Download
Chat (24h online)

 

 

 

 

 

 

 

 

Интервју со Славчо Неделковски (културен уметник)

 

Иако е премногу зафатен, тој е лесно достапна личност која може да одвои време за секој што заслужува. Можеби звучи чудно, но ова интервју е направено преку фејсбук за неполни 20 минути. Во интервјуто ќе можете да го запознаете нашиот гостин, да дознаете многу работи за него, но и да научите нешто повеќе.

 

Која е твојата професија?

Професија... ха ... тој збор во последно време ме асоцира на едно време минато, кое имав среќа да го видам, проживеам и одживеам, сега 20 години сум во "транзиција" но ете, функционирам како извршен директор на граѓанската организација за култура "Коктел Медиа групација", а јас во основа работам: организација и протокол на културни настани, графички дизајн, театарска режија, кинематографија и ликовна уметност (од музика знам само да слушам и тоа само Jazz ). 


Како ја започна кариерата?

Уф ... иако сум релативно млад ( не се надевав дека ова некогаш ќе го употребам во моја реченица ) но започнав во 1996-та година како основач на ликовното друштво "Полисенс", сценограф на една година по тоа формираното ДС "Солза и смеа" и како уредник во дневно информативна редакција на ТВ Тера ... ( да одев на школо - но многу малку ) хахаха ...


Што друго би работел доколку не би работел во областа на културата?

Искрено ... ништо што би го сакал, но дефинитвно ќе е политика. И да се појаснам, за оние кои се декларираат дека не сакаат политика ... политика е и купувањето на леб и млеко ... ако си љубезен и нафрлиш збор-два кон тетката што продава, добиваш "нормален" леб, ако си "нормален" и неполитичен, го добиваш првиот - згужван како гума од трактор ...


Кој ти е омилен филм и актер?

Немам омилен филм .... актер ... знаеш те лажам, пред две години седев со кинематографот Били Вилијамс - оскаровец, и неговата сопруга и по којзнае кој пат го изгледавме неговиот филмот "На златното езерце" ( 1981 ) со Кетрин Хепберт и Џејн Фонда и сватив дека сцените ги познавам повеќе од него ... најверојатно по над 15 гледања тоа е мојот омилен филм и тоа се моите омилени актери ...


Која од светски познатите личности те инспирира најмногу?

И ова прашање станало чудно со текот на времето. Секој на кого сум се восхитувал или ме инспирирал веќе е мртов. Тешко се создаваат нови идоли. 

Секојдневно си во комуникација со многу луѓе. Што најмногу користиш за комуникација (телефон, меил, фејсбук..)?

хм ... технологија ... не ја сакам, но за жал е неопходна. Face Book дефинитивно, мислам сите мои пријатели и познаници и колеги ми се таму, ( по дома и за ручек се викаме по FB ), преку него паднале големи договори, идеи, реализации, не знам зошто воопшто прашуваш кога и ова интервју го правиме преку ФБ ... и дефинитивно се создале големи и искрени пријателства ...


Колку време дневно поминуваш на ФБ?

24/7 ... нема да се лажеме, нели!


Колку имаш слободно време и како го користиш?

Ако некој човек кој се занимава со дел од професијата култура, или целовито креативна работа ти каже дека нема слободно време или има толку и тогаш - тој ја згрешил професијата. Во оваа дејност нема слободно и работно време ... повеќе наликува како светот на "Aлиса и земјата на чудата" ... секој момент е и работен но и слободен ... мислам дека уметник кој си дозволил да земе "слободно време" има блокада во креативноста ...


Кога би требало да се спакуваш за 5 минути, што најпрво ќе ставиш во куфер?

пф ... јас искрено ни куферот не би го зел ... се што ми треба веќе го имам во себе ... дајте го куферот на некој друг ...


На кое место од светот најмногу сакаш да живееш?

тука ... дома ... Македонија ... Битола ... 


Како го замислуваш идеалниот живот?

Не го замислувам - го живеам. Да, звучи луцидно, но мене ми е убаво, а тоа е најбитно. А што е идеален живот?! Каде е тука предизвикот?! Обожавам да парафразирам, па ете ти и за ова: " А каде е предизвикот да смуваш некоја во јавна куќа?! " ...


Според тебе, кои се најголемите вредности во животот?

Самиот тој по себе ( животот ). Местото каде што "било пишано" да се родиш, и да се избориш за она што чувствуваш дека си дошол на овој свет ... и каде и да си, да не заборавиш кој си, од каде доаѓаш ... скоро, еден пријател уметник, се изначуди зошто не го сакале како уметник во Македонија, па тој 15 години во светот ја застапува Германија, Холандија и Швајцарија ... тоа што нема корени, нема вредности ... мене во сржта ми е македонскиот и балканскиот код ... кретенски, напорен, радознал, гласен, гурмански, боемски, ама бре луѓе, тоа е мое, нема друго ... се позајмено е лоша имитација на оригиналот ...


На што најмногу веруваш?

Самиот на себе, прво. Тоа е најбитно. И тука во последно време "забегавме". Ако самиот не сум сигурен и убеден во нешто, која е логиката да убедан друг, животот како и работата е тимка игра. Второ на само 5 луге во мојот живот. Дел од нив се дел од моето родено семејство, другиот дел од нив се од моето стекнато семејство - пријателите. И толку!

Кое е твоето животно мото?

Ете и тука мислам дека е перфектно кога цитираме нечие друго мото, мисла ... но е кретенски ако тоа е наше, секој треба да го создаде своето, да го пронајде, ископа, моето, авторски креирано e: ... Секој човек оди по својот животен пат,но секој живот внимателно бира на кого ке го покаже правиот пат ...


Што можеме од тебе да очекуваме во иднина?

Да! Гледаш, веќе сме на крај на интервјуто кое повеќе е мисловно и толковно отколку информативно ... Одговорот на ова прашање ке го дадам со два зборови, од кои полудувам ако се изговорени од некој друг, но мислам дека се најадекватни: "Не знам!" ... искрено, повеќе би сакал да зборувам што поминало ... тука помалку може да ми се променат плановите и изјавите ... 


Која е твојата порака до нашите посетители?

Секоја мисла за одговор ми е клише, "Бидете свои" ... хахах, а чии би биле ... не ги сакам нив ... хм ... ах да ... гледајте на животот "монтипајтонски" ... мене ми успеа ... во краен случај, колку повеќе камења и пречки по патот кон успехот, толку подобро и повозбудливо ќе е возењето ... не сме ние создадени за автопатишта и GPS ...

Уредник: Томислав Младеновски
02.09.2011, 15:49

Сподели

   

Copyright 2008 You.com. All Rights Reserved.