0
Насловна За нас Архива Маркетинг Контакт

 

КАТЕГОРИИ

Музика
Спорт
Здравје
Мода и убавина
Занимливости
Животински свет
Show Biz
Хороскоп
Вицотека
Колумни
Интервју со...
Огласи
Запознавање
Chat (24h online)

 

 

 

 

 

 

Колумна: Нов грип - Мистериозно влијание

 

 

Тоа е попладнето на еден типичен петок и возиш кон твојата куќа. Го вклучуваш радиото. Репортерот кажува една историја од мало значење: Во некое далечно село починале тројца од некаков грип за кој никогаш порано не се чуло. Не обраќаш многу внимание на тој настан... Во понеделник кога се будиш, слушаш дека веќе не се тројца, туку 30 000 жртви во оддалечените ридови на Индија. Луѓето за контрола на болести од Европа отидоа да испитуваат. Во вторникот тоа е најголемата вест на првата страна по весниците, бидејки не е само Индија, туку и Бразил, Чиле, Коломбија и бргу веста излегува на сите програми. Ја нарекуваат “Мистериозно влијание” и сите се прашуваат како ќе ја контролираме? Тогаш една вест ги изненадува сите: САД ги затвори своите граници.
Нема летови до Њујорк од Индија ни од никоја друга земја каде е пронајдена болеста. На другата програма гледаш како преведуваат една жена од Америка која кажува дека има еден маж во болницата кој умрел од “Мистериозно влијание”
Има паника во САД. Информациите кажуваат, дека кога го имаш вирусот трае една недела и не забележуваш, потоа имаш 4 дена со ужасни симптоми и тогаш умираш.

Канада исто така ги затвара границите, но доцна е. Поминува уште еден ден и Европската Унија ги затвара границите за Америка и Австралија, со цел да го спречи заразувањето од вирусот додека не најдат лек...
Следниот ден луѓето се собираат во црквите за да се молат за лек и влегува некој го вклучуваат радиото и се слуша веста: Две жени починаа во Париз.
За час изгледа дека болеста го зафати целиот Свет. Научниците сеуште работат за да најдат антитела, но ништо не функционира. И неочекувано доаѓа вест: се дешифрирал кодот на ДНК на врусот. Може да се направат антитела. Одиш на дежурен лекар. Немир во важето семејсто, со соседите.. се прашуваш дали е ова крајот на светот?...
Одеднаш докторот излегува повикувајќи некакво име кое го прочитал на листата. Најмалото од твоите деца е во твоја бизина, те тегне за јакната и ти вика: Тато! Тоа е моето име! Пред да можеш да реагираш го носат твојот син и викаш: Чекајте!... Тие одговараат: Се е добро, неговата крв е чиста, неговата крв е добра, може да биде антидозата против оваа болест...
Веста се проширува на сите страни, луѓето се молат и плакаат од среќа. На тоа докторот се приближува кон тебе и твојата сопруга и вели: Може ли да разговараме за момент? Не знаевме дека донаторот ќе биде дете и ни е потребно да ја потпишете оваа дозвола за да ја употребиме неговата крв. Кога го читаш документот забележуваш дека не е напишана количината на крв која е потребна и прашуваш: Колку крв?
Насмевката на докторот исчезнува и одговара: не мислевме дека ќе биде дете, не бевме спремни. Потребна ни е целата!...
Не можеш да поверуваш и се трудеш да одговориш:  “Но , но...“ Докторот продолжува да ти инсистира: Вие не разбирате, зборуваме за лекот на целиот Свет, ве молам потпишете. Потребна ни е целата. Прашуваш: “Но нели би можеле да му дадете крв“ Ако би имале чиста крв би му дале...
Ќе потпишете? Ве молам?.. Потпишете...
Во тишина и без да ги чуствуваш сопствените прсти кои го држат пенкалото во раката, потпишуваш. Те прашуваат: Сакате да го видете вашиот син?
Одиш кон салата за итна помош каде е твојот син седнат на креветот велејќи: Татичко!, Мамичко!, Што се случува? Ја земаш неговата рака и му велш: Сине твојата мајка и јас те сакаме премногу и никогаш не би дозволиле да ти се случи нешто што не би било потребно, го разбираш ли тоа? И кога докторот се враќа и ти вели, жал ми е мора да почнеме, луѓе од целиот свет умираат...
Можеш ли да си отидеш? Можеш ли да му го завртиш грбот на твојот син и да го оставиш таму? Додека тој ти вели: Тато.. Мамо.. Зошто ме напуштате?
Наредната недела, кога се прави церемонија за изнесување, за да се моли за душата на вашиот син, некои луѓе остануваат дома спиејќи, други не доаѓаат затоа што преферираат да одат на прошетка или да гледаат фудбалски натпревар, а трети доаѓаат на церемонијата со весела насмевка глумејки дека им е жал.
Посакуваш да станеш и да извикаш: мојот син умре заради вас!!! А сега не ви е гајле?... Можеби тоа сака Господ да ни го каже: Мојот син умре заради вас, сеуште ли не сфаќате колку ве сакам? Чудно е како луѓето го забораваат Бог, а потоа се чудат зошто светот оди од лошо во полошо. Интересно да видиш како веруваме во се што ќе прочитаме во весници, но не читаме што вели библијата. Смешно е како се форсираме од ден во ден да направеме колку можеме повеќе матрејално богатство на земјата, а не одвојуваме ни неколку минути внимание за духовното богатство. Чудно е кога некој вели: “Јас верувам во Бог”, а со своите постапки го покажува спротивното.
ЧУДНО Е НЕЛИ?
Почудно е да се види како едно лице може да биде силен христијанин на Божиќ, а да биде невидлив христијанин остатокот од годината. Чудно е дека откако ќе го прочиташ ова, пред да го споделиш ќе помислиш што ќе речат и помислат сите?...

Датум: 04.07.2011

Автор: Кирил Јорданов

 

Сподели

 

 

 

Copyright 2008 You.com. All Rights Reserved.